„Кога го видов Лионел Меси сакав да го напуштам фудбалот“

Кевин Принс Боатенг призна дека мислел дека Кристијано Роналдо е најдобриот фудбалер на светот се додека не почнал да тренира со Лионел Меси. Боатенг во Барселона помина шест месеци, откако на „Камп ноу“ стигна од редовите на Сасуоло во јануари 2019 година.

„Беше тоа неверојатен период. На почетокот не можев да верувам дека Барселона е заинтересирана за мене. Останав без зборови кога го видов Меси како тренира. Секогаш говорев дека Кристијано е најдобар на светот, но Меси е на друго ниво. Тој не е нормален. Додека трениравме заедно мислев дека не ми е тука местото. Правеше неверојатни работи, ми дојде да го напуштам фудбалот“, изјави Боатенг. 

Боатенг во меѓувреме настапуваше и за Фиорентина и Бешикташ, а во моментов е дел од тимот на Монца кој се натпреварува во Серија Б.

Се вчитува...