Кога ќе ја заврши кариерата Руни ќе биде фармер

Рекордерот по бројот на голови во англиската фудбалска репрезентација и поранешен играч на Евертон и на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, кога ќе го заврши догoворот со актуелниот клуб, Вашингтон ДЦ ќе се занимава со фамерство.

Тој поднел барање за дозвола со која треба да му биде овозможено на имотот вреден 20 милиони фунти да изгради објект кој ќе биде наменет за опрема за земјоделство и за сено.

Плановите на Руни по завршувањето на кариерата дефинитивно се поврзани со враќање во Англија.

 

Се вчитува...