„Кога Мегваер ви е главен дефанзивец, тогаш сте во неволја“

Поранешниот фудбалер на Челси, Џон Оби Микел, упати остри критики кон дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Магваер.

Микел смета дека англискиот репрезентативец никогаш не бил на потребното ниво за клубот од „Олд Трафорд“ и не му е јасно како успеал толку долго да се задржи во тимот.

„Кога вашиот главен централен дефанзивец е Хари Магваер, тогаш имате проблем. Тој никогаш не беше играч за Манчестер Јунајтед и никогаш не се вклопуваше во системот на клубот“, изјави Оби Микел во својот подкаст.

Поранешниот играч на Челси дополнително ја доведе во прашање одлуката Магвајер и понатаму да биде прв избор во одбраната на „црвените ѓаволи“.

„Неверојатно е што таму помина седум или осум сезони. Не разбирам како се случи тоа, но тој сè уште е таму и е прв избор во одбраната. Тоа е проблем“, додаде Нигериецот.

Оби Микел посочи дека Манчестер Јунајтед има и други квалитетни опции на позицијата централен дефанзивец, како Лисандро Мартинез, Матијс де Лихт и Лени Јоро.

„Имаат играчи како Лисандро Мартинез, Де Лихт, Лени Јоро. Не разбирам зошто Магваер сè уште е стартер. Добро е да имате искусен фудбалер во тимот, но тој не треба да биде прв избор или главен централен дефанзивец“, смета Оби Микел.

Се вчитува...