Кога нема купец, Кутињо може да оди и на позајмица

Филипе Кутињо дефинитивно е едно од најголемите промашувања во историјата на Барселона, откако бразилскиот генијалец воопшто не успеа да се снајде во таборот на каталонскиот гигант по трансферот од Ливерпул вреден 145 милиони евра. Ланската позајмица во Баерн Минхен исто така се покажа како промашување, што придонесе уште повеќе да падне цената на овој фудбалер на пазарот.

Барса инсистираше на отштета од околу 70 милиони евра (половина од вложената инвестиција), но откако стана јасно дека ниту еден клуб нема да ја плати сега каталонскиот гигант ја промени стратегија – оставајќи го Бразилецот да замине и на позајмица. Каталонците им порачаа на заинтересираните клубови дека барааат десет милиони евра, плус новиот клуб да ја покрие целосно платата во висина од 11 милиони евра, за да дадат зелено светло за позајмица на Кутињо. Во договорот нема да има клаузула за откуп на крајот од сезоната.

Со ова значително се зголемуваат шансите за враќање на Кутињо назад во Премиер-лигата, каде Њукасл, Арсенал и Челси покажуваа сериозен интерес за неговите услуги, но не сакаа да платат 70 милиони евра за целосно да го откупат договорот со Барселона.

Се вчитува...