„Кога Обрадовиќ би бил во НБА, би дошло до тепачка, па отказ…“

Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња по долги години во НБА се врати назад во Евролигата, каде моментно го носи дресот на Уникс Казан.

Хезоња во подкастот „The Crossover“ имаше само пофални зборови за српскиот стратег Жељко Обрадовиќ, но потенцираше дека овој стручњак поради својот темперамент никогаш не би успеал во НБА-лигата.

„Жељко Обрадовиќ знае се за кошарката, тој најверојатно е најпаметниот човек што го имам сретнато. За мене постојат две личности кои го познаваат секој аспект од кошаркарската игра, Леброн Џејмс и Жељко Обрадовиќ. Сепак, се сомневам дека тој би издржал долго во НБА. Кога би се обидел да ги наметне своите методи, веќе на вториот тренинг би дошло до тепачка. А веднаш после тоа тренерот би добил отказ. Не станува збор за тоа колку е Жељко добар тренер, туку како екипата би реагирала на него. Истото се однесува и на Шарунас Јасикевичиус“, истакна Хезоња.

Се вчитува...