Елиминацијата на Германија во првата фаза на СП во Русија ја шокира светската фудбалска јавност. Се уште актуелните светски шампиони пред стартот на Мундијалот важеа за еден од главните фаворити за освојување на титулата, но на крај ни Германците не успеа да го избегнат „проклетството на шампионите“. Во историјата на фудбалските Мундијали има неколку шокантни испаѓања на фаворитите, а ова се најшокантните пет:
1.ГЕРМАНИЈА (2018)
Поразот од Мексико на стартот на Мундијалот, ја покажа ранливоста на бранителот на титулата. Германија се врати од бездната постигнувајќи го вториот гол за победа против Шведска (2-1) во продолжението со играч помалку.
А, потоа Германците крахираа во последниот натрпевар против отпишаната Јужна Кореја. Во овој дуел на светските шампиони им беше потребна победа, но не одиграа ништо, а Ким јанг-Гвон и Хеунг Мин Сон постигнаа голови за победа на Ј.Кореја со 2-0 и целосен колапс на Германците.
Така Германија заврши последна во групата од и четврта од петте последни светски шампиони кои како бранители на титулата, испаднале уште во групната фаза.
2.ФРАНЦИЈА (2002)
Франција на СП 2002 во Јапонија и Ј.Кореја стигна како бранител на титулата. Французите во составот ги имаа Тиери Анри, Џибрил Сисе и Давид Трезеге, водечки стрелци во Премиер лигата, Лига 1 и во Серија А.
Но, не само што не ја поминаа групата со Данска, Уругвај и Сенегал, туку не постигнаа ни гол! Французите изгубија од Сенегал и од Данска и одиграа 0-0 со Уругвај.
3.БРАЗИЛ (1966)
Два Мундијали по ред Бразил беше светски шампион, а потоа во 1966 година, испадна во групата после поразот со 1-3 од Унгарија и со 1-3 од Португалија.
Пеле беше цел на жестоки прекршоци од противничките играчи, прво од Бугарите (Брзил победи на тој меч со 2-0, а Пеле го постигна единствениот гол на тој Мундијал), а потоа и од Унгарците и од Португалците и после елиминацијата изјави дека никогаш повеќе нема да настапува на СП!
4.ИТАЛИЈА (2010)
Марчело Липи се врати на клупата на Италија во 2010, четири години откако ги предводеше „аѕурите“ до светската титула, убеден дека со сличен состав може да го повтори успехот и на СП во Јужноафриканската Република.
Но, по ремито со Парагвај и со Нов Зеланд, Италија изгуби од Словачка со 2-3 и неславно го заврши настапот на Мундијалот.
Марчело Липи беше сменет, а на клупата го наследи Чезаре Пандели.
5.ШПАНИЈА (2014)
Шпанците во 2010 го подигнаа шампионскиот пехар на СП, две години подоцна станаа европски шампиони, а потоа на Мундијалот во Бразил ги пакуваа куферите уште по првите два натпревари. Холандија ја разби дружината на Винсенте дел Боске со 5-1, а потоа и Чиле и го зеде скалпот на „црвената фурија“ со победа од 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА