Кој би рекол: Ѓоковиќ поседува компанија што бара лек за коронавирусот

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ е сопстевник на 80 отсто од акциите на данската фирма „Кванти био рес“ која се занимава со развој на третман на коронавирус, пренесува „Ројтерс“.

11 истражувачи на фирмата во Словенија, Данска и Австралија работат на третман, а не на вакцина за смртоносниот вирус. Се работи на тоа да се спречи заразување на човечките клетки, а клиничките испитувања се очекуваат летово да бидат спроведени во Велика Британија.

За потсетување првиот рекет во светот беше депортиран од Австралија поради тоа што се уште нема примено вакцина против коронавирус.

Се вчитува...