Кој ќе биде домаќин на ЕВРО 2028?

УЕФА го објави процесот за пријавување за државите заинтересирани за организација на Европското првенство 2028 година. Рокот за поднесување на кандидатура важи до март 2022 година, а во септември 2023 ќе биде познат и домаќинот или домаќините на престижното натпреварување на кое ќе учествуваат 24 репрезентации и ќе бидат одиграни вкупно 51. натпревар.

Поднесување на заеднички кандидатури за организација е дозволено само доколку државите се географски блиску една до друга и истите ги исполнуваат следните услови поврзани со капацитетот на стадионот:

• Најмалку еден стадион со капацитет од најмалку 60 илјади места за седење
• Најмалку еден, а пожелно е два стадиона со капацитет од најмалку 50 илјади места за седење
• Најмалку четири стадиони со не помалку од 40 илјади места за седење
• Најмалку три стадиони со не помалку од 30 илјади места за седење

Директниот пласман на Европското првенство 2028 ќе биде овозможено само доколку една или две држави се кандидираат за домаќинство на натпреварувањето. Притоа УЕФА напомена дека може да дојде до промена на датуми, број на учесници и број на натпревари кои ќе бидат одиграни бидејќи сеуште не се детално утврдени правилата.

Се вчитува...