Кој ќе биде шампион на Италија ако се прекине првенството?

Ширењето на коронавирусот предизвикува хаос во Италија, веќе се одложени бројни фудбалски натпревари, а доколку трендот продолжи се поголема е опасноста сезоната да не може да биде довршена навреме, со оглед на фактот дека италијанската репрезентација летово ја очекува настап на ЕП 2020.

Италијанското првенство во својата историја само еднаш било прекинато, во сезоната 1914/15, кога оваа земја се вклучи во Првата светска војна. Тогаш лигата беше поделена на две групи, север и југ, во финалето требаше да се сретнат Џенова и Лацио, но скудетото заврши во витрините на Џенова бидејќи оваа екипа прва обезбеди пласман во финалето.

Медиумите на Апенинскиот полуостров објавија и каква би била процедурата доколку би била донесена одлука за прекин на првенството – при што титулата би завршила во витрините на Јувентус. Моментно лидер е Лацио, но во случај на прекин ќе се гледа табелата по последното комплетирано коло во Серија А, во случајов 24. рунда од шампионатот.

Во таква ситуација Јувентус би бил прв со 57 бода, Лацио, Интер и Аталанта би се пласирале во ЛШ, а Рома и Верона во Лигата на Европа. Во Серија Б би испаднале Џенова, Бреша и СПАЛ.

Во сезоната 1973/74 исто така постоеше сериозна опасност за прекин на натпреварувањето поради епидемија од колера, тогаш беше донесена одлука сезоната да се доигра, а шампионската титула ја освои Лацио, прва во клупската историја на римскиот тим.

Се вчитува...