Кој ќе има послатко деби? Илиевски и Тасевски со новите тимови во клинч во Тетово

Ренова и Работнички имаат нови тренери, со кои влегуваат во денешното десетто коло од Првата фудбалска лига и меѓусебниот дуел што ќе се одигра на Градскиот стадион во Тетово. Никола Илиевски Џиџи е сега на кормилото на „гипсарите“ и по подолг период повторно се враќа во македонскиот клупски фудбал, а Жикица Тасевски многу брзо таборот на Силекс го замени со друштвото на „романтичарите“ од Градски парк. Тој по шест години се врати на клупата на Работнички.

За двајцата стратези денешниот меч е од извонредна важност, сигурно дека никој не сака да загуби на стартот од новата тренерска авантура.

Ренова и Работнички влегуваат со по 11 бода во денешниот дуел. Жикица Тасевски ќе треба да донесе свежина во таборот на Работнички, кој нема победа на последните пет првенствени натпревари, додека Никола Илиевски само треба да го продолжи позитивниот тренд на Ренова, која забележа две победи и реми против актуелниот првак Шкендија во последните три меча.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 10.КОЛО (14.30 ч.)

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ

ШКУПИ – СИЛЕКС

БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА

МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

 

 

Се вчитува...