Кој против кого во ЛШ: Опасна ждрепка за осминафиналето

Потенцијални мега-пресметки во осминафиналето од фудбалската Лига на шампионите во пресрет на денешната ждрепка за првиот нокаут сегмент од елитното натпреварување. Ова е впечатокот со оглед на тоа како изгледаат двата квалитативни шешири во кој првпат се најдоа екипи само од петте најголеми и најсилни европски национални конкурнеции.

Реал Мадрид и ланскиот финалист Тотенхем се во втората по квалитет категорија со оглед дека завршија второпласирани во нивните групи од прелиминарниот сегмент. Со нив се и Атлетико Мадрид, Челси, Борусија Дортмунд, Наполи, Лион и Аталанта.

Бранителот на трофејот, Ливерпул ја предводи конкуренцијата тимови кои се позиционираа на првите места во групите. Со него е и Барселона, Манчестер Сити, Баерн Минхен, Јувентус, Лајпциг, Пари Сен Жермен и Валенсија.

Со оглед на ограничувањата, во осминафиналето не може да играат екипи кои претходно биле во иста конкуренција, како и тимови од иста држава, статистичките пресметки предвидоа дека Ливерпул има цели 50 проценти шанса да оди во Мадрид кај Реал или кај Атлетико. Најголеми шанси има да се случи дуел Барселона – Челси, Наполи на Елиф Елмас има најголеми изгледи за пат во Шпанија.

Извлекувањето на двојките е закажано за точно напладне во седиштето на УЕФА во Нион. Во 13 часот ќе биде извлекувањето на двојките за првата нокаут-фаза од УЕФА Европа лигата.

 

Се вчитува...