Кој совет на Червар го послуша голманот Трајковски?

mec baner

Кире Лазаров одигра капитенски, Манасков и Стоилов постигнаа клучни голови, но заедно Благојче Трајковски беше еден од творците на пресвртот. Голманот на Охрид по влегувањето во игра на дванаесет минути до крајот одбрани неколку клучни топки и внесе нервоза кај дотогаш сигурните туниски бекови.

Ова беше деби од соништата. Добив можност да бранам за Македонија на едно Светско првенство, настапив против силен ривал и помогнав да стигнеме до победата. Триумфот е колективен, дојдовме до него бидејќи дишевме како еден, бидејќи верувавме во себе дури и кога губевме со четири гола разлика“ – задоволен беше Трајковски по победата.

Чуварот на мрежата откри и кој клучен совет на селекторот Червар го прифатил, што се покажа како еден од клучните моменти на натпреварот.

Како дебитанти – голмани, притисокот врз нас беше огромен. Тука многу ни помогна Лино Червар, кој знае со каков притисок се соочуваме, па со своите совети секогаш настојува да ни излезе во пресрет. Ние тоа го прифаќаме и токму таквата заедничка соработка вроди со плод. Пред да влезам советот беше едноставен – да внимавам на првиот дирек. Го сторив тоа и одбранив неколку тешки удари“ – открива Благојче Трајковски.

Се вчитува...