Коке го совлада Димитриевски за три бода на Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Рајо Валјекано ни блиску не е оној во есенскиот дел од сезоната. Токму од тука тимот на нашиот Столе Димитриевски доживеа и пад на табелата и сега се наоѓа на 13. позиција на табелата, иако есента им „пркосеше“ на големите тимови како Барселона, Атлетико…

Вечерва на домашен терен Рајо е поразен од Атлетико минимално со 0-1. Стрелец на единствениот гол беше Коке во 49. минута, кој по една добра акција одкосо успеа да го совлада Димитриевски и да донесе три бода.

Димитриевски имаше и една супер одбрана во 59. минута кога одлично му го одбрани ударот на Гризман.

До крајот на мечот, Рајо се обиде да дојде барем до бод, но не успеа да го најде патот до голот, иако Атлетико имаше и играч помалку на теренот по исклучувањето на Кореа. На крајот Димитриевски се најде и во нападот на Рајо по еден корнер во 94. минута, но ниту тоа не помогна.

Се вчитува...