Кокшаров повика 18 репрезентативци за контролата со Македонија во Скопје

Селекторот на ракометната репрезентација на Русија, Едуард Кокшаров, повика 18 репрезентативци за подготовките во Скопје во неделата на ЕХФ до 1 до 9 април. Во рамките на овие подготовки, Русите кои ќе одиграат и еден контролен со репрезентацијата на Македонија. Во улога на гости-домаќини во Скопје, покрај селекторот Кокшаров ќе бидат и двајцата ракометари на Вардар – Тимур Дибиров и Данил Шишкарев.

На списокот на руската репрезентација се: голмани: Виктор Киреев, Олег Грамс и Денис Заболотин, левикрила: Тимур Дибиров и Роман Осташенко, леви бекови: Сергеј Горбок, Виталиј Комогоров, Александар Шурински, Димитриј Санталов, средни бекови: Димитриј Житников, Павел Атман, пикери: Глеб Калараш, Сергеј Горпишин и Максим Михалин, десни бекови: Сергеј Шелменко и Димитриј Кисељев, десни крила: Данил Шишкарев и Димитриј Ковалев.

Собирот во Скопје во неделата на ЕХФ е прва фаза од подготовките пред јунскиот бараж за СП 2019 во кој Македонија ја очекува дуелот со Романија, а Русија за место на шампионатот ќе се бори против Чешка.

Се вчитува...