Коларов ја напушти Рома, продолжува во Фенербахче

Искусниот српски репрезентативец Александар Коларов ја напушти Рома и кариерата ја продолжува во редовите на Фенербахче.

Како што пренесуваат турските медиуми, Рома и Фенербахче и официјално постигнале договор за трансферот на Коларов и сега се чека само потврдата. Коларов ќе потпише двегодишен договор со Фенер со можност за продолжување на уште една, а во Истанбул ќе заработува фиксни 2,8 милиони евра по сезона со можност и за дополнителни бонуси.

Коларов во Фенербахче би бил соиграч на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доколку летово не замине од клубот.

Се вчитува...