Коларов: Серија А да продолжи во мај и да заврши во јуни? Неизводливо…

Италија е во страшна битка со коронавирусот, Серија А е суспендирана до почетокот на мај, а УЕФА издаде „наредба“ националните лиги да завршат до 30.јуни. Во вакви услови, тоа е речиси невозможна мисија, вели српскиот интернационалец Александар Коларов од Рома.

„Гледајќи ја ситуацијата во Италија, тоа е речиси невозможно. Сега не е време за фудбал, сите Италијанци, но и луѓето во целиот свет, треба да внимаваат на здравјето. Навистина не знам дали би можела лигата повторно да стартува во мај и да заврши до крајот на јуни. Дури и да е се во најдобар ред, во идеални услови, Рома заедно со мечевите од Лигата на Европа ќе треба да одигра 17-18 натпревари за неполни два месеци. Ќе се согласите дека е тоа премногу. И не треба Италија да се споредува со Кина. Тамошните власти беа многу поригорозни кон граѓаните во справувањето со кризата и борбата со коронавирусот. Овде се уште некои не ги почитуваат препораките и наредбите за седење во строг карантин“, изјави Александар Коларов.

Во Серија А се одиграа 26 кола, најголем дел од екипите треба да одиграат уште по 12 меча за да биде комплетиран шампионатот, дел од нив и повеќе поради претходни одложувања.

Се вчитува...