Колекционер на трофеи: Никлас Ландин – апсолутен ракометен шампион

Никлас Ландин во 2015 година пристигна од Рајн-Некар Левен во Кил со јасна желба – со „зебрите“ да стигне до трофej во Лигата на Шампионите. Патот не беше лесен, но „зебрите“ го изодеа и вечерва апсолутно заслужено се искачија на врвот на ракометна Европа, во финалето совладувајќи ја Барселона, која повеќе од 15 месеци не знаеше за пораз пред да налета на избраниците на Филип Јиха.

Ландин со 16 интервенции беше меѓу најзаслужните за големиот успех, а со денешната победа тој ја комплетираше својата неверојатна колекција на трофеи. Ландин има освоено буквално се што може да се освои, со Данска има златни одличја од ОИ, од светските и од европските шампионати.

На клупски план, во Германија има трофеи од Бундес-лигата, од Купот на Германија, од Супер-купот на оваа земја, лани триумфираше и во ЕХФ-купот, за годинава да го крене и најзначајниот клупски трофеј, оној од Лигата на Шампионите.

Извонредно достигнување на овој врвен голман.

Се вчитува...