Колку често има секс Пике: Се брои ли „Бернабеу“…

Жерар Пике ја користи секоја можна прилика за да му фати „сеир“ на Реал Мадрид, но дефанзивецот на Барса се надмина себе си со интервјуто дадено на шпанската ТВ Емисија „La Resistencia”.

Доскорешниот шпански репрезентативец говореше на најразлични теми, а водителот покажа интерес и за неговиот сексуален однос со сопругата, поп-ѕвездата Шакира. Прашањето: „Колку пати си имал секс минатиот месец“ требаше да биде провокативно за Пике, но фудбалерот го искористи за да ги „напенали“ големите ривали.

Дали се бројат оние ситуации на Бернабеу во Мадрид“ – одговори Пике, предизвикувајќи смеа кај гледачите во студиото.

Барселона викендов игра со Еспањол во градското дерби на „Камп ноу“, а Пике не ја пропушти можноста ниту да го „пецне“ овој ривал.

„Не може да зборуваме за ривалство бидејќи е неспоредливо. Јас лично годинава направив повеќе пари од буџетот на Еспањол“ – истакна Жерар Пике.

Се вчитува...