Колку вреди Нејмар во време на коронавирус?

Бразилецот Нејмар и понатаму е најголемата желба на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, открива агентот на фудбалерот на ПСЖ, Вагнер Рибеиро. Првиот човек на „кралевите“ се надева дека би можел да дојде до потписот на Нејмар, што не му успеало пред седум години кога Барселона излезе како победник во трката на шпанските гиганти за тогашниот суперталентиран фудбалер на Сантош.

Минатата сезона Нејмар исто така имаше преговори со Реал Мадрид, а Вагнер Рибеиро открива дека тројца различни директори на „кралскиот клуб“ одлетале за Бразил во обид да го комплетираат договорот. Но, Пари Сен Жермен одолеа на таа понуда, а Нејмар има актуелен договор до 2022 година.

Во периодот на коронавирус, Нејмар има вредност од 164 милиони евра, истакнува Вагнер Рибеиро. Реал Мадрид, сепак, се чини дека не е подготвен да плати толку за Бразилецот иако тоа е многу помала сума од рекордот од 222 милиони евра што го плати ПСЖ при неговиот трансфер од Барселона во 2017 година.

Се вчитува...