Колмен го откачи Велс за работа во Чемпионшип-дивизијата

Велс наскоро ќе има нов селектор откако Крис Колмен реши да го напушти кормилото на оваа селекција и да се врати на клупскиот фудбал, и тоа во Чемпионшип-дивизијата како менаџер на Сандерленд. „Црните мачки“ извесно време се обидуваат да го убедат Колмен да го прифати овој предизвик, а откако велшкиот селектор не се договори за продолжување на соработката, реши да си замине порано од истекот на договорот, кој е со важност до јули 2018 година.

Како што јавуваат британските медиуми, сите детали се веќе договорени, а Велшанецот во најскоро време ќе се повлече од селекторската функција и ќе се пресели во Сандерленд.

Под водство на овој селектор Велс стигна до историски пласман на ЕВРО 2016, но откако оваа селекција не се пласираше на мундијалот во Русија се зголеми и притисокот врз кормиларот на велшкиот национален тим. Тој по долго размислување реши да се повлече од функцијата, а меѓу фаворитите во трката за негов наследник се наоѓа и легендата на велшкиот фудбал, Рајан Гигс.

Се вчитува...