Колумбиецот Херера дебитира за Македонија: Ако добијам повик со една нога ќе дојдам до Скопје

Колумбиецот со македонски пасош, Себастијан Херера би можел да добие повик за настап во македонската репрезентација за мартовскиот старт на квалификациите за СП.

Во изјава за унгарските медиуми, левокрилниот дефанзивец на МТК од Будимпешта вели дека чувствува повик од Македонија.

„Неодамна добив македонско државјанство, и сега може да играм за националниот тим на Македонија. Чувствувам некако дека може да добијам повик за настап следниот месец. Секако дека посакувам такво нешто. Ако добијам повик со една нога ќе одам во Скопје“ – вели Херера за унгарските медиуми.

Херера е поранешен фудбалер на Работнички, кој и тоа како е познат за селекторот Игор Ангеловски од времето кога ги предводеше „романтичарите“.

Јасно е дека Херера е уште една повеќе од добра опција за македонската репрезентација, исто како и неговиот соиграч од нападот на МТК, Бојан Миковски, кој игра извонредно во унгарскиот шампионат, посебно ако се знае дека поради пандемијата со коронавирус и ограничувањата во Европа, ФИФА ги ослободи клубовите од задолжителното пуштање на играчите за националниот тим во март.

Доколку Ангеловски остане без услугите на дел од стандардните репрезентативци кои играат во Италија, Шпанија, Англија…, тогаш Херера и Миовски се сериозна опција.

 

Се вчитува...