Коман: Со Анчелоти имаше голема тензија во соблекувалната

Францускиот интернационалец Кингсли Коман открива дека заминувањето на Карло Анчелоти била најдобрата работа што можела да му се случи на Баерн Минхен на почетокот на  оваа сезона. Баварскиот тим имаше лош старт на сезоната, а потоа италијанскиот стратег си замина од кормилото и неговото место го зазеде Јуп Хејнкес. Со него тргнаа и очекуваните успеси на Баерн Минхен, кој во моментот веќе има шест бода предност на врвот на табелата во Бундес-лигата.

„Тимот сега игра многу подобро. Имавме криза, и се создаде тензија во соблекувалната додека беше Карло Анчелоти на тренерската позиција. Дел од фудбалерите беа незадоволни. Но, сега е се поинаку и успесите се вратија“, вели Кингсли Коман.

Се вчитува...