Коман: Враќање во ПСЖ? Додека е Нејмар таму, никогаш!

Херојот на Баерн Минхен Кингсли Коман говореше околу можноста за негово враќање во Пари Сен Жермен. Коман го постигна единствениот погодок за Баварците во големото финале против „неговиот“ ПСЖ.

„Тешко е. Особено ако е Нејмар на левата страна невозможно е јас да се вратам. Париз не е дел од моите планови во кариерата. Имам, веројатно десетина година кариера пред мене, никогаш не вели никогаш, но во моментов јас не се враќам во Париз“, изјави Коман.

Коман кој има само 24 години веќе во кариерата ги освојуваше француското, италијанското и германското првенство, како и Лигата на шампионите.

Се вчитува...