Комедија: Тренерот на Елмас не знаеше од кој загуби (ВИДЕО)

Наполи на нашиот Елиф Елмас загуби со 3-2 од Спартак Москва во дуелот второто коло од Лига Европа. Македонскиот репрезентативец донесе предност за својот тим во 13 секунда од мечот, но црвениот картон на Руи во 29. минути ги промени работите.

Рускиот тим преку двата гола и Промес и едниот на Игнатов успеа да поведе со 3-1, а утешниот погодок за намалување на 3-2 за Наполи во постигна Осимхен во 94. минута.

По натпреварот тренерот на Наполи, Лучијано Спалети тргна кон противничката глупа со цел да се поздрави со тренерот на московскиот клуб, но настана комична ситуација бидејќи стратегот не знаеше како изгледа неговиот противник па мораше да побара помош од својот помошен тренер.

Се вчитува...