„Комити“ се вратија на својот стадион и најавија година на одбележување „75 години Вардар“ (ФОТО)

Најверната вардарова навивачка група „Комитите“ заедно со својот Вардар денеска се вратија и на својот стадион, арената „Тодор Проески“, на дуелот против Охрид во Втората лига – Исток.

„Комитите“, по победата од 1-0 над охриѓани, тешко извојувана во последните минути, испратија порака дека тимот мора да води битка до крај за пласман во Првата лига оваа сезона.

Вардаровите навивачи најавија притоа и година на одбележување „75 години ФК Вардар“, но и „35 години Комити“.

Се вчитува...