Комити: Сопствениците, раководствата, управите се менуваат…Не не сакаат зошто не сме им истомисленици!

Навивачката група на Вардар, „Комити“ јавно, со статус на социјалните мрежи, проговори за несогласувањата со раководствата на ФК Вардар и на РК Вардар. Како што велат „Комитите“, решиле да им ги затворат вратите од трибините, и да им забранат присуство на натпреварите, затоа што имаат различни мислења и ставови со ракодните луѓе од овие клубови. Но, Комити порачуваат дека долги години се нераскинлив дел од најтрофејниот македонски клуб, а раководствата, управите и сопствениците се менуваат…

„НЕМА да дозволиме ниту овој пат некој да си поигрува со чувствата на најверните навивачи и со разни забрани и притисоци да влијаат врз слободоумното размислување!“, истакнуваат „Комитите“.

komiti skopje status

Се вчитува...