Навивачката група Комити усреќи многудетно семејство од Старо Нагоричане во пресрет на новогодишните празници. Дечињата добија пакетчиња и подароци за да ги минат поубаво деновите што следат.
Доколку сами не си помогнеме зошто би очекувале некој друг да ни помогне. Солидарноста и жртвата на Комитите секогаш била со цел сплотување на македонскиот народ. Па така и денеска решивме со еден мал гест да помогнеме онаму кадешто помошта е неопходна. Денес по едно патешествие по тешко пристапен пат, го посетивме многудетното семејството Трајковски од Пелинце, Старо Нагоричане.
Решивме на дело да изразиме мала подршка таму каде што подршката изостанува од оние кои треба да се грижат, но и да покажеме дека потребно е да се има само малку грижа и одлучност, за да се предизвика насмевка и да се подари малку надеж.
Поради тешко пристапниот терен не успеавме денес да посетиме уште две семејства, чест и обврска наскоро да чукнеме и на нивната врата, со желба да предизвикаме уште насмевки и надеж, дека не се сами!
Една љубов до Комити Драчево, кои беа доволно иницијативни и одлучни. Браво момци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА