Компани: Ако треба да му дадеме пет гола на Ливерпул, ќе му дадеме!

Капитенот на Манчестер сити, Винсент Компани вели дека неговиот тим и тоа како има шанси да се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите, и покрај убедливиот пораз од 3-0 од Ливерпул во првиот меч.

Компани е убеден дека Сити е поквалитетен тим…

„Во Лигата на шампионите имаме само уште една шанса, додека во Премиер лигата ќе имаме неколку можности да ја завериме титулата. Што се однесува до ЛШ не постои никој во нашиот тим кој мисли дека двомечот е заврѓен. Никој… Мора да се носиме со тој насакан резултат, но тоа е она што фудбалот го прави посебен“ – вели Компани, потсетувајќи се на мечот од првиот дел од сезоната кога славеа против „црвените“ со 5-0.

„Може да доминираме на терен, и тоа го знаеме… Ќе играме максимално офанзивно. Ако мора на Ливерпул повторно да му дадеме пет гола, ќе дадеме“ – дополнува Компани.

Вториот меч од четвртфиналето меѓу Манчестер сити и Ливерпул се игра во вторник од 20:45 часот.

Се вчитува...