Компани: Нешто е чудно кога судијата ќе продолжи 16 минути…

Винсан Компани не го криеше разочарувањето по денешното реми на Баерн Минхен против Хамбургер, втор меч во низа на кој баварскиот гигант не успева да стигне до цел плен во Бундес-лигата.

За стратегот на Баерн нема дилема, судискиот критериумф создаде нервоза кај неговиот тим што се одрази и врз играта и врз конечниот резултат.

„Кога судијата ќе додаде вкупно 16 минути дополнително време (во дветеполувремиња), знаете дека нешто чудно се случувало на тој натпревар. Никогаш не сум зборувал за судењето откако сум во Германија, но кога ќе имате ваков меч, со толкаво продолжение, јасно е дека не се само 22-та фудбалери, туку и други луѓе имааст влијаено врз текот на мечот. За што доби Хари Кејн жолт картон… дефанзивецот се лизна, а Кејн доби картон… Точно е дека бев премногу емотивен, но тоа се должеше на низата едноставни ситуации што судијата цело време ги компликуваше. Го почитувам Хамбургер, знам што значи да се бориш за опстанок… Момците одиграа седум меча за 20 дена, денеска ремизиравме, не загубивме, но сепак ми е жал“, истакна Компани.

Се вчитува...