Комплетен распоред за Првата лига – есенски дел

Одреден е комплетниот распоред на натпреварите за есенскиот дел од Првата фудбалска лига на Македонија. Уште на стартот ќе играат главните ривали за титулата, во првото коло македонскиот првак Вардар треба да гостува во Тетово и да ги одмери силите со Шкендија. Во второто коло, вардарци ќе ја пречекаат Победа, а во третото ќе ги одмерат силите со „романтичарите“.

Шкендија по дуелот со Вардар дома, ќе оди на Чаир против незгодниот тим на Шкупи, а потоа во Тетово ќе го пречека новиот прволигаш Академија Пандев.

raspored prva liga

Се вчитува...