Комплименти од Чави: Модриќ и Крос се генијалци, на нив човек не може да им ја земе топката

Барселона стигне до значајна предност по првиот меч од полуфиналето на Копа дел реј откако каталонскиот гигант триумфираше на „Сантијаго Бернабеу“ над Реал Мадрид.

Тренерот Чави не го криеше воодушевувањето од победата, но поранешниот фудбалски генијалец не пропушти да им упати комплименти на противничките играчи за врска, Лука Модриќ и Тони Крос, кои одиграа беспрекорен натпревар.

„Резултатот е многу позитивен за нас, задоволен сум од начинот на кој игравме, но остана уште еден натпревар за да се пласираме во финалето. Се браневме добро, имавме помал посед во однос на останатите натпревари, но за тоа виновни се Крос и Модриќ. Тие се генијалци, на нив човек не може да им ја земе топката, затоа бевме принудени повеќе време да минеме бранејќи се. Задоволен сум од начинот на кој одигравме во одбрана, Реал не создаде стопроцентна шанса се до 89. минута. Што се однесува до играта во поле, можевме уште подобро, бидејќи ако изреагиравме посмирено во некои ситуации можевме да постигнеме и втор гол“, изјави Чави.

Се вчитува...