Конате се збогуваше од Ливерпул, Реал пак е во игра

Ибрахим Конате се приклучи на долгата листа на фудбалери на Ливерпул што во последните години си заминуваат како слободни играчи од „Енфилд“ откако францускиот дефаннзивец денеска и официјално се збогуваше од клубот чии бои ги бранеше од доаѓањето од Лајпциг во 2021 година.

Преговорите за нов договор траеја повеќе од една година, иако беше најавено дека постои сериозен напредок сепак пред неколку дена беше обелоденето дека Конате ќе го напушти клубот, што денеска беше потврдено и од самиот фудбалер.

„Многу ми е жал што не добив можност да се збогувам од сите вас на последниот натпревар, во тој момент не знаев дека тоа ќе биде мој последен меч во дресот на Ливерпул. Од се срце можам да кажам, ви благодарам за се, ќе го носам Ливерпул во срцето каде и да одам. Ова не е лесно збогување, но време е за нов предизвик“, порача Конате.

Последните информации говорат дека Реал Мадрид се враќа во трката за потписот на овој фудбалер. „Кралевите“ пред неколку месеци ги прекинаа преговорите со агентот на Конате, но ситуацијата се промени по договорот со Мурињо, Португалецот бара најмалку двајца нови дефанзивци, а фактот дека Французинот е достапен без никаква отштета го прави максимално интересен за Флорентино Перез.

Се вчитува...