Конате заминува од Ливерпул како слободен агент

Ибрахима Конате ќе го напушти Ливерпул како слободен агент кога ќе му истече договорот во јуни, бидејќи преговорите за продолжување дефинитивно завршија.

Францускиот стопер и клубот од Енфилд не успеаја да најдат заеднички јазик кога станува збор за финансиските услови и проценката на неговата вредност, што доведе до прекин на преговорите и одлука да не се продолжи соработката.

Конате пристигна во Ливерпул во 2021 година од Лајпциг за 35 милиони фунти, потпишувајќи петгодишен договор. На почетокот, двете страни беа оптимисти за продолжување на соработката, а самиот играч изјави во април дека е „блиску до договор“ и дека има „голема шанса“ да остане на Енфилд.

Сепак, преговорите што започнаа уште во ноември 2023 година не донесоа резултат, а ситуацијата во меѓувреме дојде до целосен застој што значи дека тој ќе си замине од Ливерпул како слободен фудбалер.

Се вчитува...