КОНЕЧНА ОДЛУКА: УЕФА нема да ги тужи Реал, Барса и Јувентус

Европската фудбалска федерација (УЕФА) се откажа од тужбата против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, трите клуба кои и понатаму се поврзуваат со проектот Европска лига.

Мадридскиот суд минатата недела пресуди дека УЕФА мора да ја прекине постапката против трите клуба, а врвот на УЕФА одлучи да се откаже од постапката.

„По застојот на судењето против Барселона, Реал и Јувентус поврзани со можното кршење на правилата на УЕФА во врска со таканаречената „Суперлига“ органите на УЕФА ја одбија тужбата и тоа како никогаш да не е ни поднесена“, се навеудва во соопштението. 

Сепак, од УЕФА дополнуваат дека доколку тимовите повторно се нафатат на формирање на Супер-лига тие се подготвени да поднесат нова тужба.

Се вчитува...