Навивачите на Милан конечно ќе можат да го видат Рафаел Леао на дело сезонава откако Португалецот ги надмина проблемите со повредата на мускулот и му се стави на располагање на треерот Алегри.
Леао се повреди во првото полувреме од куп-дуелот со Бари, по што не настапи на ниту еден од досегашните четири калчолигашки средби на „росонерите“. Тој од денеска почна со тренинзи со полна пареа со остатокот од тимот, по што е јасно дека тој ќе биде во комбинација за настап викендов.
Ова е уште поважно за Милан ако се знае дека в недела на „Сан Сиро“ доаѓа лидерот Наполи, единствениот тим со максимален ефект во досегашниот дел од сезоната.
За очекување е Леао големото дерби да го почне oд клупата за резерви, но потоа да одигра триесетина минути во второто полувреме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

