Конечно, добра вест за Новак: Франција ги смени протоколите, Ѓоковиќ ќе може да игра на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ во Црна Гора се одмора по кошмарот што го имаше во Австралија и депортацијата непосредно пред почетокот на Австралија Опен. Српскиот тенисер конечно доби и позитивна вест, откако француските власти ги променија правилата за влез во земјата, овозможувајќи му на светскиот рекет број 1 да учествува на Ролан Гарос.

Претходните здравствени протоколи дозволуваа влез во Франција и учество на јавни собири и спортски настани само на вакцинирани лица. Сепак, со олабавување на мерките и најновите протоколи сега зелено светло добиваат и оние кои го прележале вирусот во последните шест месеци.

Ролан Гарос ќе стартува на 22 мај и ќе заврши на 5 јуни. Новак Ѓоковиќ имаше позитивен тест на коронавирус на 16 декември, што значи дека тој без никакви проблеми и ограничувања ќе може да се натпреварува до 16 јуни, во обид да ги мине Надал и Федерер и да се најде осамен на врвот на листата на играчи со најмногу гранслем трофеи во кариерата.

Се вчитува...