Конечно, добра вест за Роналд Куман

Роналд Куман може да здивне, нема да мора многу да се мачи со нови ротации во одбраната поради повредите. Клемен Ленгле се повреди на последниот дуел со Осасуна, зголемувајќи ги главоболките на тренерот на Барселона, но лекарите денеска му пренесоа добра вест на холандскиот стручњак.

Детални прегледи утврдија дека проблемот не е од посериозна природа. Францускиот фудбалер има само мало истегнување на лигаментите околу зглобот и ќе мора да мирува два-три дена. Ленгле во среда ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите против Ференцварош во Унгарија. Сепак, за Куман најважно е што одбранбениот играч би можел да биде во составот против Кадиз за време на викендот.

Тренерот Куман веќе има главоболки поради позициите на стопер, бидејќи Пике, Умтити и Араухо беа повредени, па против Осасуна, кога Ленгле излезе, Карлос Алења мораше да го заземе местото на централниот дефанзивец.

Се вчитува...