Ливерпул официјално го потврди трансферот на Бредли Баркола, кој пристигнува на „Енфилд“ од актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен. Францускиот офанзивец успешно ги мина лекарските прегледи и потпиша долгорочен договор со англискиот клуб.
За услугите на 23-годишниот фудбалер Ливерпул ќе плати 106 милиони фунти фиксна сума, додека преку бонуси трансферот може да достигне неверојатни 123 милиони фунти.
Со тоа Баркола станува едно од најскапите засилувања во историјата на Ливерпул, веднаш зад Александер Исак, а клубот добива уште една сериозна опција во офанзивната линија.
Баркола во ПСЖ пристигна во 2023 година од Олимпик Лион, а во три сезони во Париз се претвори во еден од најопасните млади напаѓачи во Европа. За францускиот гигант запиша 152 настапи, 39 голови и 37 асистенции, освојувајќи две титули во Лигата на шампионите, три титули во Лига 1 и два француски купа.
Неговиот трансфер доаѓа во период на големи промени во нападот на Ливерпул, по заминувањето на Мохамед Салах. Баркола може да игра на двете крилни позиции, но најчесто настапува по левата страна, каде што со својата брзина, дриблинг и директност претставува сериозна закана за противничките одбрани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
