Конечно крај на маките: Со пораз и без постигнат гол Шкендија заврши со Европа (ВИДЕО)

Онака како што ги започна така Шкендија и ги заврши европските натпревари ова лето. Со пораз од Рига од 0-1 во Скопје во 2. квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига, тетовци ставија точка на срамното европско лето кое го заврши со четири порази од исто толку натпревари и гол разлика од 0-9.

Во натпревар во кој повторно пресуди индивидуалната грешка, Шкендија загуби од Рига со 0-1 со голот на Соисало во 52. минута, по грешката на Мурати по десната страна.

Се вчитува...