Конечно малку радост за навивачите на Ферари – Пол позиција за Леклер во Монте Карло

Навивачите на Ферари конечно имаат причина за среќа откако Шарл Леклер ја освои пол-позицијата во квалификациите за трката на големата награда на Монако. Монтежанинот до првото место на стартниот грид стигна со вкупно време од 1:10.346 минута. Единствено проблем е што во последниот летечки круг тој го уништи својот болид, па прашање е дали и колку ќе биде подготвено Ферарито за утрешната трка.

Второто место му припадна на Макс Ферстапен на Ред Бул, додека трет беше Валтери Ботас на Мерцедес. Лош викенд досега има актуелниот светски шампион, Луис Хамилтон кој квалификациите ги заврши на седмата позиција.

ГП на Монако ќе се вози утре со почеток во 15 часот.

Се вчитува...