Конечно, победа на Севилја

Севилја конечно ја прекина серијата на катастрофални резултати во Ла Лига, триумфирајќи над Хетафе со 2-1 и искачувајќи се на 16. место на табелата. Севилја играше катастрофално пред мундијалската пауза, наместо за место во ЛШ падна во зоната за испаѓање, но под водство на Сампаоли се чини дека доаѓаат подобри денови за клубот од Андалузија.

Најава за тоа е одличното прво полувреме против Хетафе, во кое Севилја искреира неколку одлични шанси, па заслужено поведе со голот што со глава го постигна Аргентинецот Акуња по центаршутот на Иван Ракитиќ.

Хетафе се отвори во вториот дел, создаде неколку убави шанси, но на крајот Севилја беше тимот што го постигна вториот гол, преку „резервистот“ Рафа Мир. Конечните 2-1 во финишот ги постави Борха Мајорал, премалку за Хетафе да може да го избегне седмиот пораз во низа во меѓусебните дуели со Севилја.

Се вчитува...