Конечно, победа на Тотенхем

Фудбалерите на Тотенхем ја прекинаа серијата слаби игри на домашен терен во Премиер-лигата откако вечерва го совладаа Вест Хем со 2-0.  Лондонското дерби мина во апсолутна доминација на избраниците на Жозе Мурињо, кои дури во вториот дел го скршија отпорот на „чеканите“.

Тотенхем постигна гол во 45. минута преку Сон, но истиот беше поништен поради минимален офсајд на корејскиот офанзивец. Иницијативата продолжи и во второто полувреме, а домаќините го отворија резултатот со многу среќа, откако Соучек со неспретна интервенција ја затресе сопствената мрежа. Точка на натпреварот стави Хари Кејн, кој со гол го прослави својот јубилеен 200. натпревар во дресот на Тотенхем во Премиер-лигата.

Се вчитува...