КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА: Голеадата во Истанбул за Славија, минимални победи на Митјиланд, ПСВ и Рапид

Славија Прага успеа да стигне до победа на гостувањето кај Фенербахче во Истанбул во осминафиналето од Конференциската лига откако славеше со 2-3. Траоре ги донесе гостите до предност во 45. минута од првото полувреме, а во вторите 45. минути беа постигнати четири гола.

Откако Пелкас донесе изедначување во 58. минута, Дорлеј и Лингр со два гола во 62. и 64. минута го вратија чешкиот тим во половна позиција, а поразот го ублажи Кадиоглу во 83. минута.

Победи забележаа и Митјиланд кој славеше со 1-0 против Паок, исто како и ПСВ кој го одбрани домашниот терен од Макаби Тел Авив со 1-0. Рапид Виена славеше против Витезе со 2-1.

Се вчитува...