КОНМЕБОЛ е против идејата за СП на две години

Јужно-американската фудбалска конфедерација – КОНМЕБОЛ се изјасни против идејата за одржување на Мундијалот на секои две години.

Светското првенство на секои две години ќе го збие календарот и ќе го загрози квалитетот на другите турнири како клупски така и национални. Па челниците на КНМЕБОЛ упатија поддршка до актуелниот модел на Светското првенство.

„Светското првенство на секои две години може да го намали квалитетот на најзначајниот фудбалски настан на планетава. Светското првенство е настан што го привлекува вниманието и очекувањата на милијарди луѓе, бидејќи тоа е кулминација на четиригодишниот циклус кој има динамика и привлечност“, се вели во соопштението на КОНМЕБОЛ.

Се вчитува...