Конте го одбил ПСЖ, сака назад во Италија

Антонио Конте ја одбил понудата што на негова адреса пристигнала од раководството на ПСЖ, ставајќи до знаење дека својата иднина ја гледа назад во Италија, а не во некоја друга земја. Трофејниот стратег има уште една година од актуелниот договор со Челси, но се погласни се најавите дека и двете страни се подготвени на предвремена разделба, „сините“ во потрага по офанзивен стратег, е Конте со желба за враќање во татковината.

Поранешниот италијански селектор се поврзува со враќање на чело на „аѕурите“, во игра се и неколку клубови од Апенинскиот полуостров, но сигурно не и ПСЖ. „Светците“ се надевале дека со богати финансии ќе го убедат Конте да го промени ставот, но откако наишле на тврд став решиле потрагата да ја насочат кон нови стратези.

Желба на Нејмар е тимот во следната сезона да биде воден од поранешниот тренер на Барса, Луис Енрике, додека челниците на ПСЖ се надеваат на успешни преговори со Карло Анчелоти или со Масимилијано Алегри. Едно е јасно – Унаи Емери минатото лето „преживеа“, но летово сигурно ќе си замине од „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...