Италијанскиот калчолигаш Интер и оваа сезона ја загуби трката за шампионската титула во Италија, но Антонио Конте се надева дека следната тимот ќе биде уште поконкурентен и ќе може да го освои скудетото. По ангажманот на двајца фудбалери од Премиер – лигата, Ешли Јанг и Виктор Мозес, Конте сака да го доведе Тангуј Ндомбеле од Тотенхем.
Одличниот играч за врска не е во најдобри односи со Жозе Мурињо, даде изјава и дека не сака да продолжи да настапува под негово раководство, па се очекува да биде продаден во летниот преоден рок. Тотенхем го купи Ндомбеле за 70 милиони евра, а Интер во моментот нуди 10 милиони евра помалку со надеж дека ќе ја искористи ситуацијата во лондонскиот клуб и решеноста на фудбалерот да си замине.
Конте сака да се осигура и поради најавите дека Марсело Брозовиќ би можел да го напушти „Џузепе Меаца“. За него сериозен интерес покажува Баерн Минхен, а во спротивна насока би пристигнал Корентин Толисо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА