Конте го сонува Ашраф Хакими

Италијанскиот калчолигаш Интер се вклучува во трката за ангажман на Ашраф Хакими. Тој изминативе две сезони игра одлично во дресот на Борусија Дортмунд откако дојде на позајмица од Реал Мадрид и го сврте кон себе интересот на големите европски клубови. Но, по завршувањето на сезоната треба да се врати на „Сантијаго Бернабеу“, а тренерот Зинедин Зидан нема намера да го продаде.

Антонио Конте е водоушевен од неговите игри и сака да го доведе на „Џузепе Меаца“. Неговата вредност се проценува на 50 милиони евра, Интер не е подготвен да ја плати веднаш целата сума, но ќе се обиде да преговара за позајмица. Сепак, јасно е дека тоа ќе биде речиси невозможна мисија.

Ашраф Хакими на 26 натпревари во дресот на Борусија Дортмунд оваа сезона постигна три гола и забележа 10 асистенции.

 

Се вчитува...