Конте и Видал – конечно, повторно заедно (фото)

Антонио Конте имаше причина за задоволство на денешниот тренинг на Интер, на кој за првпат во клупските бои на „нероаѕурите“ се појави и Артуро Видал.

Чилеанецот имаше беспрекорна соработка со Конте кога двајцата беа дел од шампионскиот тим на Јувентус, па трофејниот стручњак неслучајно го бараше Видал како клучно засилување во својот тим. Желбата не му беше исполнета во Челси, ниту пак во првата година во Интер, но италијанскиот гигант овојпат го искористи ремонтот во Барселона за да го доведе Видал, притоа не плаќајќи ниту едно евро за неговата отштета.

Расположението при средбата на старите познаници беше на највисоко ниво, а нема сомнеж дека Конте сериозно ќе смета на Видал за првиот калчолигашки натпревар сезонава, на домашен терен против Фиорентина што на програмата е в сабота со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...