Конте: Има очигледна разлика меѓу Јувентус и Интер

Интер го загуби дербито против Јувентус со 2-0, а тренерот на „нероаѕурите“, Антонио Конте, призна дека има јасна разлика меѓу двете екипи. Јувентус е актуелен шампион, Интер долго време се држеше во трката за титулата, но очигледно е дека не може да парира до самиот крај.

„Дуелот беше израмнет до првиот гол. Погодокот на Рамзи смени сè, посебно на психолошки план. На фудбалерите на Јувентус им даде самодоверба, а нашата падна на минимум. После тоа не можевме да одговориме соодветно. Не треба да паднеме во очај затоа што беше јасно дека има очигледна разлика меѓу двете екипи“, изјави Конте по поразот во Торино.

Јувентус има бод предност пред Лацио на врвот на табелата во Серија А, додека Интер доцни девет бода и има одиграно меч помалку.

Се вчитува...