Конте: Интер може до трофејот во Лигата на Европа

Антонио Конте е презадоволен по одличното издание на Интер и заслужениот триумф над Баер Леверкузен, со кој „нероаѕурите“ си обезбедија пласман во полуфиналето од Лигата на Европа. Следен ривал на италијанскиот гигант ќе биде подобриот од денешниот дуел Шахтјор – Базел, но Конте порачува дека Интер е подготвен да го нападне трофејот во ова натпреварување.

„Имам зашто да бидам задоволен, играчите целосно го исполнија она што го работевме на тренерот. Ме радува што забележав дека играчите се гладни за победа, одиграа квалитетен натпревар и заслужено победивме. Ни се повтори истиот проблем, да не постигнеме уште некој гол од неколкуте шанси за порано да ја осигураме победата, но најважно е што стигнавме до полуфиналето. Пред нас е полуфиналето, но сите во клубот се едногласни во амбициите – сакаме да одиме до самиот крај, да го кренеме пехарот во Лигата на Европа“, истакна Конте.

Ромелу Лукаку постави нов рекорд, постигнувајќи гол на девет натпревари во низа во Лигата на Европа.

„Не сакам да издвојувам поединци, јасно е дека Лукаку има извонредна сезона, тој напорно работи и ги заслужува комплименти, но исто така и треба да биде благодарен на остатокот од тимот за шансите што му се создаваат“, порача тренерот на Интер.

 

Се вчитува...